Контакт информации

Доколку имате потреба од додатни информации во врска со нашата дејност можете да не контактирате преку нашата контакт форма.

  • локација:
    • Ул. Маршал Тито, 2/5
      1484 Богданци - МАКЕДОНИЈА
  • телефон:
    • +389 34 221 837
  • факс:
    • +389 34 223 101
  • email:

За Нас

"БАЏО" ДООЕЛ - Богданци е основана во 1992 година како друштво за производство, трговија и услуги од страна на г. Томе Шапкаров.

Главната дејност на оваа компанија е купопродажба, производство, пакување, преработка и дистрибуција на земјоделски производи. Со оглед на сезонската природа на земјоделските производи, активностите на компанијата варираат во зависност од годишното време: производство, купопродажба, преработка и пакување, и дистрибуција на градинарски производи (домати, зелка, краставици, пиперки, компири, кромид и др.) и овошје (лубеници, грозје, сливи, јаболка, праски, нектарини и друго).

Компанијата ја поседува најновата технологија за калибрирање и пакување домати, калибрирање и пакување (вакумирање) краставици и корнишони, калибрирање и пакување кромид, компири итн.

Компанијата, исто така, се бави со увоз, извоз и реекспорт на разни производи, претежно агруми (лимони, портокали, мандарини), киви, јаболка, праски, нектарини, сливи, кајсии и други овошја, како и видови овошје кои не се одгледуваат т.е. не виреат во Република Македонија.

Основана како приватна компанија "БАЏО" ДООЕЛ – Богданци прераснува во една од водечките производители и извозници на земјоделски производи во Република Македонија.

Нашата цел е да се задоволат потрошувачите во поглед на големината, амбалажата и квалитетот на производот со тоа што тој ќе стигне на пазарот во својата најдобра состојба.