За нас
Од Богданци, од 1992
„БАЏО“ ДООЕЛ – Богданци е основана во 1992 година како друштво за производство, трговија и услуги од страна на г. Томе Шапкаров.
Главната дејност на компанијата е купопродажба, производство, пакување, преработка и дистрибуција на земјоделски производи. Со оглед на сезонската природа на земјоделските производи, активностите варираат во зависност од годишното време: производство, купопродажба, преработка и пакување, и дистрибуција на градинарски производи (домати, зелка, краставици, пиперки, компири, кромид и др.) и овошје (лубеници, грозје, сливи, јаболка, праски, нектарини и друго).
Компанијата ја поседува најновата технологија за калибрирање и пакување домати, калибрирање и пакување (вакумирање) краставици и корнишони, калибрирање и пакување кромид, компири итн.
Компанијата, исто така, се бави со увоз, извоз и реекспорт на разни производи, претежно агруми (лимони, портокали, мандарини), киви, јаболка, праски, нектарини, сливи, кајсии и други овошја, како и видови овошје кои не виреат во Македонија.
Основана како приватна компанија, „БАЏО“ ДООЕЛ – Богданци прерасна во една од водечките производители и извозници на земјоделски производи во Македонија.
Нашата цел е да се задоволат купувачите во поглед на големината, амбалажата и квалитетот на производот, така што тој ќе стигне на пазарот во својата најдобра состојба.


